Регион

ОМО „Илинден“-Пирин: Нема „Бугари во устав“ без Македонци во бугарскиот

Македонците во Бугарија уште еднаш би се почувствувале изневерено од Македонија доколку Бугарите се вметнат во македонскиот устав, без реципрочно признавање на македонското малцинство во Бугарија

Вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав без реципрочно признавање на македонско малцинство во Бугарија, за што декларативно досега се залагала Македонија, би значело откажување од барањата за правата на Македонците во Бугарија,е ставот на ОМО „Илинден“-Пирин за барањето од страна на Бугарија и ЕУ до Македонија за извршување уставни измени за да ги почне преговорите за членство во ЕУ

Македонците во Бугарија уште еднаш би се почувствувале изневерено од Македонија доколку Бугарите се вметнат во македонскиот устав. Вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав без реципрочно признавање на македонското малцинство во Бугарија, за што декларативно досега се залагала Македонија, би значело откажување од барањата за правата на Македонците во Бугарија. Ова е дециден став на ОМО „Илинден“-Пирин за барањето од страна на Бугарија и ЕУ до Македонија за извршување уставни измени за да ги почне преговорите за членство во ЕУ, пренесува НОВА МАКЕДОНИЈА.

„Република Македонија е пред ново чувствително решение: впишувањето на Бугарите како уставно признаена заедница. За Скопје ова е европска обврска – клучен чекор кон напредокот во преговорите за членство во ЕУ. Но за друга група, ова решение звучи како болно дежа ви: Македонците во Пиринска Македонија и во цела Бугарија. Причината е едноставна. Во последните години македонските политичари повеќепати истакнуваа дека Бугарија мора да го признае македонското малцинство, да ги гарантира човековите права на Македонците и да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Сега, сепак, РМ е подготвена да направи симболичен и правен гест кон Софија – без паралелно да ги постави истите барања кон Бугарија – велат од ОМО „Илинден“-Пирин.

Како што истакнувааат, историската меморија на Македонците во Бугарија е долга: од политиките по Втората светска војна до децениите во кои македонскиот идентитет во пиринскиот крај беше третирана како проблем, тие повеќепати се чувствувале како оставени меѓу интересите на двете држави.

„ Затоа, денешната ситуација не се доживува како дипломатски гест, туку како повторување на стар модел: С. Македонија прави компромис за својата европска иднина, додека Македонците во Бугарија повторно остануваат без поддршка. Без заштита на нивните права, без спроведување на меѓународните одлуки и без официјално застапување – се наведува во соопштението на ОМО „Илинден“-Пирин што го објави членот на организација Атанас Кирјаков.
Од ОМО „Илинден“-Пирин не ја кријат разочараноста.

„Оваа асиметрија има конкретни последици. Покрај недоверба кон институциите во С. Македонија, чувство на разочарување и напуштеност, иднината на Македонците во Бугарија може да биде обележана со неколку нови негативни ефекти. Поголема институционална изолација: Кога Скопје не инсистира на нивните права, а Софија не ги признава, Македонците остануваат во политички вакуум — без внатрешна или надворешна заштита. Недостигот од меѓународен притисок уште повеќе ќе го отежне создавањето македонски организации, културни здруженија или политички субјекти. Поголема стигматизација и социјално обездуховување: Секој ваков политички сигнал води кон „одлив“: – луѓето се повлекуваат. Губење на меѓународната видливост: Кога РСМ не го отвора прашањето за Македонците во Бугарија, темата исчезнува од европската агенда. А без меѓународна видливост, проблемите на малцинствата ретко се решаваат“,  сметаат од ОМО „Илинден“-Пирин.

Според ОМО „Илинден“-Пирин, впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија, иако важно за евроинтеграцијата, може да има сериозни, иако индиректни, последици врз македонската заедница во Бугарија.
Наместо да придонесе кон добрососедство, овој чекор ризикува да го продлабочи чувството на неправда кај луѓето што премногу често биле оставени сами — без поддршка од Софија и без доследна заштита од Скопје.
„ Политичарите од двете страни на границата мора да разберат: не станува збор само за уставни текстови. Станува збор за довербата на заедница што веќе преживеала повеќе компромиси отколку што која било малцинска група би требало да поднесе“, апелираат од ОМО „Илинден“-Пирин

Најнови вести од: Регион

Нов услов за странските работници во Хрватска – ќе мора да учат хрватски!

Наскоро ќе се воведе обврска за странските работници да учат и да полагаат испит на хрватски јазик како услов за продолжување на нивната дозвола за работа во Хрватска, а исто така им се овозможува полесно да ги менуваат работодавачите. Хрватската влада на денешната седница усвоила измени на Законот за странци и ги испратила во парламентот. Измените се прават, заради усогласување со законодавството на ЕУ, односно со Директивата за единствена постапка за обработка на барањата за издавање единствена дозвола за престој и Пактот за азил и миграција, кој воведува нови правила за управување со миграцијата и воспоставување заеднички систем за азил на ниво на Европската унија.

„Нетпрес“: Тројцата убиени во Бугарија биле од паравоена организација, која соработувала со бугарските власти

Тројцата убиени мажи, кои вчера биле пронајдени во поранешниот планинарски дом „Петрохан“ на Стара Планина во Бугарија биле припадници на паравоена ренџерска агенција, јавија бугарските медиуми. Трите жртви пронајдени убиени во „Петрохан“ се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), објави бТВ. Тие биле членови на паравоена организација.

Најнови вести

To top