Регион

Почина Габи Новак, првата дама на хрватската поп музика

Габи Новак често е нарекувана прва дама на хрватската поп музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

Познатата и ценета хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст. Таа е родена на 8 јули 1936 година во Берлин, ќерка на Ѓуро Новак од Хвар и Елизабет Рајман од Германија. Детството го поминала во Берлин, Германија, потоа на Хвар, по што се преселила во Загреб. Таму дипломирала на Факултетот за применети уметности, отсек графика, и кратко работела како илустратор во Загреб Филм, во Студиото за цртани филмови.

Почнала да настапува кон крајот на 1950-тите, а нејзиниот препознатлив глас набрзо ја направил една од најомилените пејачки на југословенската музичка сцена од тоа време. Нејзиниот репертоар вклучувал поп и џез, а веќе во текот на 1960-тите години стекнала голема популарност и критички признанија.

За време на нејзината богата кариера, таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со бројни награди, вклучувајќи неколку награди Порин – во 2002 година за најдобра џез изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година го доби и Порин за животно дело.

Прво беше во брак со композиторот Стипица Калоѓера, а по нивниот развод во 1970 година, на 30 март 1973 година се омажи за кантавторот Арсен Дедиќ, кој беше нејзин сопруг и уметнички соработник до неговата смрт во 2015 година. Во бракот се роди син, Матија Дедиќ, истакнат џез пијанист, кој почина неочекувано во јуни, на 52 години.

Габи Новак често е нарекувана прва дама на хрватската поп музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

Својата последна песна, насловена како „Почетак“, Габи ја сними со својот син Матија и Данијела Мартиновиќ.

Иако песната беше објавена во декември, таа беше напишана многу порано. „Забележав дека Данијела се менува и дека достигна фаза во својот живот каде што размислуваше поинаку за музиката, за песните што ќе ги сними. Песната ја снимивме пред година и пол и чекавме вистинско време да ја објавиме бидејќи никогаш не е предоцна да се има убава песна“, рече Габи тогаш за песната.

Најнови вести од: Регион

Млади стрип-таленти ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања

Под покровителство на групацијата „СТРИП ЦЕНТАР-СТРИПОТ МОЖЕ“, Ангела Петрушевска, Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски ќе творат рамо до рамо со врвни балкански и светски мајстори на деветтата уметност.

Бугарија: Евакуација на судови и институции, откако добиваат повеќекратни закани за наводно поставени бомби

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави во вторникот бугарското Министерство за внатрешни работи.

To top