Регион

Протест во Тирана за поддршка на студентите Албанци во Македонија

Протестот се организира под мотото „Албанизмот е со Скопје“

 

Албанските студенти најавија организирање протест во Тирана, за поддршка на албанските студенти во Скопје кои протестираат во врска со спроведувањето на испитот по право на албански јазик и институционалното почитување на албанскиот јазик.

Според најавата, протестот ќе започне од плоштадот Скендербег во Тирана, а потоа учесниците ќе маршираат кон амбасадата на Македонија во Тирана.

Албанските медиуми објавуваат дека протестот е планиран да се одржи во вторник, 26 мај, со почеток во 17:00 часот.

Студентите повикаа на солидарност и најголема можна поддршка на барањата на албанските студенти во Скопје. (Телеграфи)

Вчера беа запрени албански студенти на граница, албанскиот амбасадор во Скопје реагира

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top