Регион

Работници ќе нема ни за лек – Хрватска издаде 11.384 дозволи за Македонци, но ги заострува и условите за странци

Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени услови и го поттикнуваат учењето на хрватскиот јазик, а статистиката покажува дека оваа година, и покрај помалиот број издадени работни дозволи, бројот на осигурени лица е зголемен, што укажува на подобро планирање од страна на работодавачите.

Додека и Македонија се соочува со недостиг од работна сила и зголемена миграција на работници, најновите податоци од Хрватска покажуваат силна побарувачка за странска работна сила. Од почетокот на годинава до 30 ноември, во Хрватска се издадени над 160 илјади дозволи за престој и работа за странски државјани, што уште еднаш ја потврдува регионалната конкуренција за работници и притисокот врз пазарите на трудот во земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Од почетокот на годината до 30 ноември, вкупно 160.176 дозволи за престој и работа се издадени на странски работници во Хрватска, според статистиката на МУП. Од вкупниот број издадени работни дозволи, 76.700 од нив се однесуваат на нови вработувања.

64.009 од нив се за продолжување на постојните дозволи, додека 19.467 дозволи се издадени за сезонска работа, објавува „Јутарњи“.

Најмногу дозволи за престој и работа им се издадени на граѓани на БиХ (30.188), по што следат Непал (29.579) и Србија (23.145). По неа следуваат Филипините (16.195), Индија (14.500) и Македонија (11.384), а во првите десет се и Косово (5.860), Египет (5.149), Узбекистан (5.161) и Бангладеш (3.183).

Најмногу дозволи се издадени во јануари, а продолжувања во ноември.

Во меѓу време, Хрватска воведува значајни промени во системот за вработување на странски работници со цел воспоставување подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и сузбивање на нелегалните практики, објави ХРТ. Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени услови и го поттикнуваат учењето на хрватскиот јазик, а статистиката покажува дека оваа година, и покрај помалиот број издадени работни дозволи, бројот на осигурени лица е зголемен, што укажува на подобро планирање од страна на работодавачите.

Според предлогот, граѓанин на трета земја ќе мора со барањето за прва дозвола за привремен престој да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена.

Исто така, секој кој сака да работи во Хрватска ќе треба добро да го говори хрватскиот јазик, што се смета за основа за интеграција на странските работници.

  • Ние го олеснивме учењето јазици, кофинансирано од Европскиот социјален фонд, но одѕивот беше слаб. Не постои ниво на свест што е потребно за да се убедат работниците да го научат јазикот – вели државниот секретар на Министерството за труд и пензиски систем Иван Видиш и додава дека граѓаните со право очекуваат лицето да покаже барем почетен интерес за јазикот.

Хrватска, исто така, ја зголемува контролата на вработувањето на странци со цел да го намали дивото вработување и да обезбеди подобро регулиран пазар на трудот.

  • Системот е подобро контролиран и за странските работници и за работодавачите – вели Видиш.

Според него, Хрватска годинава евидентирала 17% помалку работни дозволи во споредба со истиот период минатата година, но во исто време 10% повеќе регистрирани работници во Хрватскиот институт за пензиско осигурување.

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top