Регион

Рама: Не е проблем, ако привремено немаме право на вето!

Албанскиот премиер Еди Рама ja поддржува идејата за привремено ограничување на правото на вето во процесот на пристапување за идните членки. Веста доаѓа во време кога неколку членки предложија пристапување „чекор по чекор“ во Унијата со делумен пристап до пазарот и до институциите на Унијата. – Нема да се колебаме, што и да е потребно за да влеземе – изјави Еди Рама велејќи дека Тирана отсекогаш била „100% усогласена“ со надворешната политика на ЕУ.

Рама ги отфрли загриженостите дека Албанија целосно ќе го изгуби правото на вето на патот кон ЕУ. Тој вели дека проширувањето на Унијата сега бара креативни и иновативни решенија бидејќи Европа има војна на своја територија со која треба да се справи. Комесарката за проширување на ЕУ Марта Кос потврди дека се дискутира за „широк спектар на опции“, иако сите заштитни мерки би „биле силно нарушени“ само ако идните членки престанат да ги почитуваат правилата на ЕУ.

Еден европски дипломат за „Гардијан“ рекол дека одложувањето на правото на вето е едно од „конструктивните решенија“ што се разгледуваат како дел од процесот на „креативно размислување“ за проширувањето на ЕУ. Друг дипломат изјавил: – Постои дебата за тоа како да се обезбеди поголемо проширување да биде корисно и за земјите-кандидатки и за самата ЕУ. Идеите поврзани со внатрешните реформи и различните карактеристики на договорите за пристапување се дел од ова.

Идејата нема да биде сосема без преседан. Неколку источни држави од ЕУ се соочија со преодни ограничувања по пристапувањето. Работниците во Полска имаа одредени ограничувања на слободата на движење откако Полска стана членка во 2004 година. Постојните земји-членки на ЕУ мора едногласно да се согласат за прием на нови земји. Функционерите на ЕУ се особено загрижени за ратификацијата во Франција, каде што претседателските избори ќе се одржат во 2027 година, а скептицизмот во врска со проширувањето на ЕУ се зголемува – неодамнешното истражување на Евробарометар покажа дека само 43 отсто од француските испитаници се за проширување на ЕУ, но дека 48 проценти се против.

Најнови вести од: Регион

Северина со емотивен текст се прости од Ведрана Рудан

– Ведрана, како сте вие, треба ли нешто? – ја прашав едвај задржувајќи ги солзите што само течеа. – Ништо, Севе, само и понатаму еби им мајката на сите – раскажува Северина дел од своите спомени со својата пријателка, писателката Ведрана Рудан

Шестмина повредени во пожар во хотел во Албанија, петмина од Косово

Според прелиминарните податоци, пожарот првично избувнал во барот на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на вториот кат, каде што работел хотелот. Од повредените туристи, петмина се од Косово.

To top