Регион

Салвини: Италија нема да прифаќа мигранти, вратени од Германија!

Италија во догледна иднина нема да ги прифаќа мигрантите коишто Германија сака да ѝ ги врати и покрај новите правила на Европската унија, изјави во саботата италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

Салвини ја оправда својата одлука со постапките на германските невладини организации кои спасуваат мигранти на бродови и чамци на отворено море во Медитеранот и ги носат во пристаништата во Италија, од каде што некои од нив потоа заминуваат во Германија.

Рим и Берлин не се согласуваат за третманот на секундарните мигранти, односно оние кои, по влегувањето во ЕУ во една земја-членка, го продолжуваат своето патување кон друга. „Германија нема право да ни врати ниту еден нелегален мигрант сè додека бродови на германски невладини организации пловат по Медитеранот за да ги истоварат илјадниците нелегални мигранти во Италија и Европа“, рече Салвини.

Салвини и претходно зазеде особено строг став кон мигрантите што пристигнуваат по море и организациите што им помагаат, за време на неговиот претходен мандат како министер за внатрешни работи. Новиот пакт за азил и миграција на Европската унија е во сила од средината на јуни. Според новите правила, Германија и другите земји сакаат да ги вратат мигрантите што влегле во ЕУ преку италијанскиот брег во Италија.

Италија не прифатила ниту еден мигрант вратен од Германија откако новиот пакт стапи на сила. Според официјалните бројки, Италија одбила околу 80.000 барања од други земји за враќање мигранти од 2023 година. Причината е целосно преоптоварување на националниот систем за прием на мигрантите.

Најнови вести од: Регион

Спектакуларно бегство на опасен затвореник во Грција: соучесниците, маскирани како полициски специјалци, ги разоружале чуварите

Во северна Грција е во тек голема полициска потрага по 41-годишен затвореник од албанско потекло, кој изведе спектакуларно бегство. Настанот се случи во петокот навечер (11 септември 2026 година) околу 23:30 часот, јавуваат грчките медиуми. Иако затвореникот издржувал казна во затворот Нигрита кај Серес,  бегството се случило во Општата болница во Серес.

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

To top