Регион

Шест села пеплосани во пожарите во Албанија, ситуацијата се уште тешка

Ситуацијата со пожарите во Албанија и понатаму сериозна, посебно во подрачјето на Грамш и Делвина на југот на земјата, објави министерот за одбрана Пиро Венгу. -Во овие две подрачја, во моментов, во борбата против пламените јазици дејствуваат пет хеликоптери, од нив три хеликоптери во Грамш, а два други во Делвина. Обемната операција за гаснење пожари […]

Ситуацијата со пожарите во Албанија и понатаму сериозна, посебно во подрачјето на Грамш и Делвина на југот на земјата, објави министерот за одбрана Пиро Венгу.

-Во овие две подрачја, во моментов, во борбата против пламените јазици дејствуваат пет хеликоптери, од нив три хеликоптери во Грамш, а два други во Делвина. Обемната операција за гаснење пожари продолжи без престан во текот на целата ноќ за да се ограничи периметарот на пламените јазици во близина на станбените области и националните паркови низ цела Албанија, напиша Венгу.

Видеото погледнете го на овој линк.
Додава дека „стотици локални припадници на службите за итни случаи и вооружените сили работат без престан во најжешките области Фуше Арез, Грамш, Тепелена, Дропул, Делвина и Финиќ“. Од синоќа голем пожар беснее и во општина Булќиза, на албанско-македонската граница, кај Дебар.

Според генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита, Хаки Чако, околу 10 илјади пожарникари, полициски службеници, припадници на армијата, доброволци се вклучени во гаснење на пожарите низ целата земја.

Како што пренесуваат медиумите во подрачјето на Грамш, 6 села се целосно изгорени, едно е зафатено од пламените јазици, а уште едно е многу блиску и постои опасност и тоа да биде зафатено. Министерството за одбрана на Албанија пред еден час информира дека поради брзо ширење на пожарите во Грмаш и Делвина, наредена е итна евакуација на населението на безбедно место.

-Тешка ноќ помина во градот Делвина, каде што голем пожар им се закануваше на жителите и локалната инфраструктура. Борбата со пламените јазици беше херојска, со учество на противпожарни сили од јужните општини, екипи од Тирана, армиски сили и локални жители, кои овозможија гаснење на пожарот во близина на градот, наведува Топ чанел.

Поради опасноста од пожарот да ја зафати и болницата, во текот на ноќта евакуирани се пациентите и се сместени во Кино-театарот во градот а дислоцирани биле и боците со кислород. Од загрозените делови на градот биле евакуирани жените, децата и старите лица, додека мажите останале и учествувале во локализирање на пожарот.

Во текот на ноќта, поради чадот и условите создадени од пламенот, 10 лица, меѓу кои и четири војници, добиле медицинска помош поради задушување во просториите на Кино театарот, каде што привремено е сместена службата за итна помош.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top