Регион

Силно невреме најавено за Грција викендов

Особено загрозени Халкидики и Солун

Доколку викендов патувате кон Грција, особено кон Халкидики, Солун или крајбрежните делови во северниот дел на земјата, бидете подготвени за значително влошување на временските услови.

Грчките власти прогласија зголемена подготвеност поради силно невреме кое се очекува во текот на петокот и во ноќта кон сабота. Преку националниот систем за итни известувања 112, жителите и туристите веќе се предупредени да избегнуваат непотребни движења за време на невремето.

Според метеоролошките прогнози, се очекуваат поројни дождови, силни грмежи, засилен ветер, локална појава на град и можни ненадејни поплави.

Најпогоден ќе биде регионот на Халкидики, особено Касандра, Ситонија и Света Гора (Атос). Во Солунскиот Залив ветерот повремено ќе достигнува до пет бофори, што може да предизвика потешкотии во поморскиот сообраќај. Нестабилното време ќе ги зафати и туристичките места во Пиерија, меѓу кои Паралија, Лептокарија, Неи Пори и Катерини. Се очекуваат големи количини дожд за краток период, што може да доведе до задржување вода на коловозите и отежнато движење.

Во Солун најсилниот бран на невремето се очекува во попладневните и вечерните часови, кога температурата ќе се спушти на околу 23 степени. Под портокалово метео-предупредување се и островите Тасос, Самотраки и Лимнос, каде најинтензивните врнежи и силни ветрови се очекуваат во текот на ноќта меѓу петок и сабота.

Доколку престојувате во овие региони, следете ги упатствата на локалните власти и бидете особено внимателни при патување, особено во областите каде постои ризик од поплави и силни грмежи.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top