Регион

Сирија го призна Косово

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека Сирија ја признала независноста на Република Косово, пренесува Анадолу.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека Сирија ја признала независноста на Република Косово, пренесува Анадолу.

Османи, кој е во официјална посета на Ријад, изјави дека со поддршка на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, е постигнат договор со кој Сириската Арапска Република ја признава Република Косово.

„Народот на Косово и Сирија многу страдаше и жртвуваше“

Османи му се заблагодари на сирискиот претседател Ахмед ал-Шарија за одлуката за признавање на Косово, како и за неговата поддршка за Косово.

„Народот на Косово и Сирија многу страдаше и жртвуваше за да постигне слобода. Затоа, ова меѓусебно признавање денес не е само признавање на државниот суверенитет, туку и признание на жртвите на многу генерации за слободен живот“, рече Османи.

Таа, исто така, му се заблагодари на саудискиот престолонаследник „што го овозможи овој историски чин меѓу двете земји“. Со сириското признавање, 120 земји од целиот свет сега го признаа Косово.

Најнови вести од: Регион

Американски борбени авиони синоќа полетале од аеродром во Софија

Четири виони на американските воздухопловни сили синоќа полетале од аеродромот „Васил Левски“ во Софија во 23:10 часот (по локално време)ќ Видео од настанот бил споделен на социјалните мрежи, јавува „24 часа’.  Според порталот, бугарската влада дала согласност воени авиони на САД да бидат стациониран цо Бугарија во периодот од 17 февруари до 31 мај, како […]

To top