Регион

Смртта на Грција – Тешки пораки до грчкиот премиер Мицотакис (ВИДЕО)

Шокантни коментари на видео за кое многумина во Грција сметаат дека е шокантно

,,Смртта на Грција” е коментарот на Марија Пантагија, од оделот за правни работи при грчката национална телевизија на видео во кое се гледа дека во срцето на историска Атина не може да се видат Грци туку само имигранти.

Видеото го објавува извесен Андреас Панагопулос од крајно десничарската грчка партија на Афродити Латинопулу.

Панагопулос иронично им вели Браво на грчкиот премиер Мицотакис и министер за внатрешни работи Плеврис за тоа што Атина е преплавена од имигранти.

,,Само гордост!

Браво за премиерот
Браво за Плеврис

Мир, ред и безбедност.

Одрекување од одговорност: Ниеден Грк не бил во опасност во видеото подолу. Главно затоа што тие не постојат”, пишува грчкиот десничар објавувајќи го видеото.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top