Регион

Србија: Се бараат казни за брутално полициско насилство (ВИДЕО)

Објавени имиња на полицајци кои, според тврдењата на граѓаните и достапните докази, учествувале во бруталното тепање на луѓе во Ваљево

Српското движење „Тргни-Промени“ објави видео на социјалната мрежа X со имиња на полицајци од Прибој и други градови кои, според тврдењата на граѓаните и достапните докази, учествувале во бруталното тепање на луѓе во Ваљево, вклучувајќи и деца, завчера вечерта, објавува Nova.rs.

Движењето вели дека сите вклучени ќе бидат повикани на одговорност.
„Ќе ве фатиме сите и ќе бидете повикани на одговорност за крвта на секое дете и солзата на секоја мајка“.

По промената на режимот, „Тргни-Промени“ планира да ја спроведе програмата „Чисти раце“, чија цел е да се отстранат од државните институции сите вклучени во корупција или насилство врз граѓаните, особено во полицијата и судството.

„Оние кои го почитувале законот немаат од што да се плашат. Оние кои го прекршиле законот немаат од што да се надеваат“, се вели во соопштението.

Движењето ги повика граѓаните да ги достават сите снимки, фотографии и сведоштва што можат да помогнат во документирањето и гонењето на злоупотребата на моќ во Ваљево.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат униформирани полицајци како користат сила врз граѓаните.

Дел од граѓаните се обидоа да избегнат полициска интервенција криејќи се, но полицијата буквално ги бркаше и ги претепа до смрт.

Полицијата апсеше и претепуваше секого пред себе, дури и граѓани кои не беа учесници во протестот. Како што е наведено во објавите на социјалните мрежи, членови на МУП ги извлекуваа луѓето од околните барови, ги претепаа и ги притворија.

Најнови вести од: Регион

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Најнови вести

To top