Регион

Странските работници ќе мора да положат испит за знаење на хрватски јазик

За македонските работници деталите околу курсевите и испитот допрва ќе се регулираат, но трендот е јасен: продолжувањето на дозволата ќе зависи од минимално познавање на јазикот

Хрватската влада предложи измени на Законот за странци со кои за државјаните на трети земји се воведува обврска за учење и полагање испит по хрватски јазик како услов за продолжување на дозволата за престој и работа.

По една година престој, странски работник ќе треба да положи испит на ниво A1.1, доволно за наједноставна секојдневна комуникација.

Измените предвидуваат и полесна промена на работодавач (по шест месеци работа без нова дозвола), проширена можност за промена на занимање и продолжени рокови за решавање на барањата за дозволи до 90 дена.

Работодавачите ќе бидат под контрола со „црна листа“ за прекршувања, а обврската за пријавување прекин на работен однос се префрла на нив.

За македонските работници во Хрватска, деталите околу курсевите и испитот допрва ќе се регулираат, но трендот е јасен: продолжувањето на дозволата ќе зависи од минимална јазична компетенција, објасни вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top