Регион

Тандемот Јотова-Радев најпопуларни во Бугарија

Ова го покажува националното истражување на агенцијата „Глобал метрикс“, посветено на ставовите на јавноста пред претстојните претседателски избори

Премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова се единствените бугарски политичари со позитивен баланс помеѓу довербата и недовербата .

Анкетата е спроведена помеѓу 23 јуни и 11 јули 2026 година меѓу 1.503 возрасни бугарски граѓани преку стандардизирани интервјуа лице в лице со таблет (TAPI). Агенцијата нагласува дека резултатите не претставуваат предвидување на изборниот резултат, туку мерат прелиминарни ставови, потенцијал за поддршка, втор избор и степен на јавно отфрлање на различни потенцијални кандидати. Анкетата е завршена пред 24 јули, кога Илијана Јотова официјално ја објави својата намера да се кандидира за претседател , поради што нејзиното име е вклучено како потенцијален, а не како официјално номиниран кандидат.

Според анкетата, Радев има индекс на доверба од +35%, а Јотова – со +31%.

Двајцата се исто така единствените јавни личности во кои довербата јасно ја надминува недовербата. Вкупно 58% од испитаниците велат дека му веруваат на Радев, додека за Јотова овој удел е 53%.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top