Регион

Унгарски МОЛ преговара со Русите за купување на НИС

Аммериканската влада бара Нафтената индустрија на Србија да се ослободи од мнозинското руско сопствеништво

 

„Во тек се преговори меѓу руските акционери кои се мнозински сопственици на НИС и унгарската компанија МОЛ за излез на руското сопствеништво од Нафтената индустрија на Србија, што е барање од американската влада со цел да се создадат услови за укинување на санкциите“, објави министерката Министерката за енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, објави Б92.

Унгарската влада ги поддржа овие разговори и ние, како српска влада, исто така ќе дадеме поддршка во наоѓањето решение за укинување на санкциите, но и за создавање услови за доделување лиценца за работа на НИС“, додаде таа.

Таа потсети дека поминале веќе 77 дена откако санкциите против НИС стапија во сила.

„Она на што сум особено горд е што граѓаните не го почувствуваа тоа, што имаме доволно од сè во нашите резерви – дизел, бензин, мазут и керозин – за да го надминеме овој период и оваа тешка ситуација. Сепак, факт е дека поминаа толку многу денови и дека нашите резерви се празни иако редовно ги надополнуваме.

Граѓаните мора да разберат дека нема логистички капацитет за увоз на количината на нафтени производи што ѝ се потребни на нашата земја.

Во оваа смисла, ќе продолжиме да водиме активни разговори, првенствено за да создадеме услови за да може НИС да продолжи да работи без оглед на времето потребно за да се заврши трансакцијата меѓу МОЛ и руските акционери“, објави Ѓедовиќ.

Министерката уверува дека снабдувањето со гас е стабилно и дека резервите се полни, со важечки договор со Русија до крајот на март. Целта, како што рече, е граѓаните да имаат сигурно и што е можно поекономично снабдување, особено во деновите кога потрошувачката достигнува и до 17 милиони кубни метри дневно.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Најнови вести

To top