Регион

Уште еден пациент почина по операција на крајници во Чачак

Случајот доаѓа само неколку дена по смртта на четиригодишно девојче во истата здравствена установа

Триесет и осумгодишен маж починал по операција на крајници во Општата болница во Чачак, соопшти српското Министерство за здравство. Смртта настапила ноќта меѓу 11 и 12 февруари.

Според информациите од Министерството, пациентот сам побарал хируршка интервенција поради долгогодишни проблеми со дишењето. Тој бил свесен за ризиците од операцијата, особено поради придружни заболувања од кои страдал.

Овој случај следува само неколку дена по смртта на четиригодишно девојче, кое на 4 февруари почина по слична интервенција во истата болница.

Министерот за здравство Златибор Лончар издаде наредба за воведување привремени мерки во болницата во Чачак, што подразбира засилен надзор и промени во управувањето со установата во наредниот период.

По првиот трагичен случај, вршителот на должноста директор на болницата поднесе оставка, а граѓаните организираа дводневни протести, барајќи одговорност и транспарентност.

Министерството претходно испрати здравствена инспекција во болницата за да ги испита околностите поврзани со смртта на девојчето. Покренат е и надворешен стручен надзор, кој го спроведуваат професори од терцијарни здравствени установи.

Засега нема официјални информации дали двата случаи се поврзани.

Најнови вести од: Регион

Американски борбени авиони синоќа полетале од аеродром во Софија

Четири виони на американските воздухопловни сили синоќа полетале од аеродромот „Васил Левски“ во Софија во 23:10 часот (по локално време)ќ Видео од настанот бил споделен на социјалните мрежи, јавува „24 часа’.  Според порталот, бугарската влада дала согласност воени авиони на САД да бидат стациониран цо Бугарија во периодот од 17 февруари до 31 мај, како […]

To top