Регион

Вицепремиерот добил писмо со 3 куршуми

Српското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека при редовна проверка на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени три куршуми.

МУП Србија

При скенирањето на пратката со рендгенски уред, било откриено дека во пликот се наоѓаат куршуми.

Истрагата покажала дека пликот бил предаден на 26 август во поштата во Пожаревац.

Полицијата го идентификувала и го лоцирала лицето што го предало пликот, а во тек е понатамошна истрага за расветлување на сите детали поврзани со случајот.

Министерството за внатрешни работи на Србија истакна дека презема сите законски мерки и активности за да се обезбеди безбедноста на граѓаните и државните институции.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top