Регион

Вучиќ: Посетата на Зеленски добра за интересите на Србија

Направивме добра работа за Србија, вели српскиот претседател по првата посета на неговиот украински колега на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ се осврна на посетата на украинскиот колега Володимир Зеленски, велејќи дека таа е добра за интересите на Србија, не само затоа што Зеленски во Белград ја потврди позицијата на Украина за почитување на територијалниот интегритет на Србија, туку и поради позицијата на Србија како целина.

Замолен да ги коментира наводите во германските медиуми дека било храбро да се биде домаќин на Зеленски во Белград, Вучиќ рече дека не смета дека е храбро, но дека верува оти е важно секогаш да се води од интересите на Србија.

„Можам да сакам, можам да почитувам некое друго знаме, нема проблем, но мојата работа е да се борам за српското тробојно знаме. А за мене, нема ништо посвето и поважно. Направивме добра работа за Србија, ќе продолжиме да правиме добра работа за Србија“, рече Вучиќ.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top