Регион

Вучиќ: Во недела поднесувам оставка

Ќе се вклучи во кампањата за парламентарните избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно најави дека на 27 септември ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија и потоа ќе се вклучи во кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври.

„Во недела, на 27-ми, поднесувам оставка“, изјави Вучиќ утрово за „Радио Белград“.

Тој најави дека, доколку листата што ја предводи ја добие довербата на граѓаните, ќе следуваат големи кадровски промени. Според него, новата влада би имала најмногу 12 министри, а најмалку половина од градоначалниците и претседателите на општините поврзани со неговата политичка опција би биле сменети во рок од три месеци по формирањето на владата.

Доколку формално поднесе оставка на 27 септември, Србија ќе треба да одржи и предвремени претседателски избори. Според законските рокови, тие треба да се одржат во рок од три месеци од престанувањето на неговиот мандат.

Најнови вести од: Регион

Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!

„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.

To top