Регион

Вучиќ за блокираните преговори со ЕУ: Секому е јасно и за Хрватите, и за Бугарите

По Македонија, и во Србија почнаа да ја посочуваат Бугарија како пречка на евроинтегративниот пат

По Македонија, и во Србија почнаа да се жалат на Бугарија како пречка за евроинтеграцијата, откако Софија им се придружи на уште седум земји-членки на Европската унија, кои на состанокот на постојаните претставници (КОРЕПЕР) не дадоа зелено светло за отворање на Кластерот 3 од преговорите со северниот сосед на Македонија.

„Што се однесува до поединечните земји-членки, исто така нема да коментирам. На сите им е јасно и за Хрватите, и за Бугарите, и за сите други. Важно е дека Французите, Германците, Италијанците, Шпанците и многу, многу други наши пријатели, од Грците до Португалците, Унгарците, Романците, Полјаците, се решително и несомнено за отворање на Кластер 3 и за напредокот на Србија“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за тамошната ТВ Пинк. „Клучниот услов се секогаш, знаете, санкциите против Русија“.

На прашањето дали Србија би влегла во ЕУ ако воведе санкции кон Русија и Белорусија, Вучиќ нагласи дека нема, бидејќи тогаш би го отвориле прашањето за Косово и Метохија“.

„Секогаш ќе има нешто друго“, нагласи шефот на српската држава.

 

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top