Регион

Вучиќ:Србија нема да дозволи насилни обиди за преземање на власта

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати писмо до британскиот весник „Гардијан“, одговарајќи на критиките за начинот на кој државата се справува со студентските протести што ја потресуваат земјата повеќе од девет месеци.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати писмо до британскиот весник „Гардијан“, одговарајќи на критиките за начинот на кој државата се справува со студентските протести што ја потресуваат земјата повеќе од девет месеци.

Србија е демократска земја и нема да дозволи насилни обиди за преземање на власта преку улични протести“, изјави Вучиќ.

Тој подвлече дека Европската Унија е најголемиот инвеститор во Србија, обезбедувајќи над 60% од странските директни инвестиции и ветувајќи 1,6 милијарди евра за поддршка на реформите до 2027 година.

Вучиќ најави дека Србија ќе организира предвремени избори и дека веќе се спроведуваат изборни реформи.

Во писмото, тој истакна дека во изминатите девет месеци имало над 23.000 неовластени собири, кои првично биле мирни, но подоцна ескалирале во насилни протести со напади врз полицијата и оштетување на државен имот. Според него, над 170 полицајци биле повредени, но полицијата одговорила „воздржано и ограничено“.

Вучиќ напомена дека дел од барањата на студентите се исполнети, вклучувајќи покренување истраги, објавување документи за реновирањето на железничката станица во Нови Сад, зголемување на финансирањето за образование и оставката на премиерот. Сепак, протестите продолжиле, со ново барање за смена на власта надвор од демократските избори.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top