Спорт

Албанка најави дека ќе дојде со знаме на ОВК на мечот со Србија во Лесковац!

Реалити ѕвездата Џулијана Нура од Косово предизвика „земјотрес“ во српската јавност со изјавата на телевизија

Иако на навивачите на Албанија им е забрането да присуствуваат на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија в сабота во Лесковац од мундијалските квалификации, реалити ѕвездата Џулијана Нура од Косово порача дека не само што набавила влезница, туку и ќе се појавела со знаме на ОВК!

„Имам фински пасош“, објасни таа во емисијата „Фаворит“ на косовската телевизија Т7 како планира да присуствува на мечот од пресудна важност за српската репрезентација до дебаклот (0:5) во претходното коло против Англија во Белград.

Нура додаде дека не ја загрижувала забраната и поради тоа што имала пријатели што ќе ја поддржат на самото место.

Нејзината најава предизвика жестоки реакции во Србија, а самата таа се пожали дека добила голем број закани поради тоа.

Ако навистина дојде со знаме на Ослободителната војска на Косово, на Нура ѝ се закануваат и можни правни последици, бидејќи ОВК во Србија се смета за терористичка организација.

 

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top