Спорт

Барди: Велс не удри силно, но ова не е крај! Да се вратиме погладни во плејофот во март!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација со порака за збивање на редовите пред гостувањето во Данска

Два дена по дебаклот во Кардиф се огласи капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, спојувајќи ги поразот од 7:1 против Велс на крајот од квалификациите за Светското првенство 2026 и баражот во март, кога тој и соиграчите од националнио тим ќе ѝ гостуваат на Данска.

„Тежок пораз, оној што ти ја гори душата!
Велс нè удри силно. Болка, разочарување да. Но ова не е крај!

Сè уште сме во плејофот во март. Сè уште сме живи.
Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти!

Ние не се предаваме. Никогаш“, порача на Инстаграм третиот стрелец на вечната листа на македонската репрезентација со 20 гола.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top