Спорт

Без победник во мечот без значење во Даблин

Република Ирска и Македонија одиграа колку да се одигра во дуелот на разочараните од елиминацијата во баражот за СП

Фудбалските репрезентации на Република Ирска и на Македонија одиграа нерешено 0:0 во пријателскиот натпревар во Даблин на двете разочарани селекции од елиминацијата во полуфиналето на баражот за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

По три порази во досегашните дуели во ирскиот главен град, „црвено-жолтите“ првпат не загубија, иако повторно играа подредена улога како пред пет дена против Данска во Копенхаген, за што зборува поседот на топка од 56.44 проценти во корист на домаќинот и уште повеќе бројот на упатени удари од 15:3 (3:1 во рамките на голот).

Единствената конкретна закана од македонска страна беше слободниот удар од капитенот Енис Барди во 22. минута, кој исрскиот голман го одбрани.

Селекторот Гоце Седлоски им даде шанса на осуммина што не играа против Данците.

Најнови вести од: Спорт

Александар Трајковски емотивно се повлече од македонската фудбалска репрезентација

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

To top