Спорт

Димитриевски одбрани пенал и ја спаси Валенсија од бламажа во Купот на кралот (ВИДЕО)

Македонскиот голман ја одбрани честа на гостите против третолигашот Картахена, кои по неговата одбрана погодија за 2:1

Столе Димитриевски ја спаси Валенсија од неочекувана елиминација во шпанскиот Куп на кралот со одбранет пенал во финишот од продолженијата кај третолигашот Картахена, по што неговиот тим постигна гол за победа од 2:1 и пласман во 1/16-финалето.

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија при резултат 1:1 во 119. минута го одбрани ударот од белата точка на Аргентинецот Пабло де Бласис, а две минути подоцна Хесус Васкез ги одведе гостите во следната рунда.

Македонскиот чувар на мрежата, кој брани само во Купот, забележа вкупно три успешни интервенции и беше трет најдобро оценет играч на средбата со оценка 7,4.

 

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top