Спорт

Европска лига: „Милион“ пехови и тежок пораз на Вардар во Монпелје

Без „половина“ тим, „црвено-црните“ загубија со 33:23 во првиот натпревар од четвртфиналето

Буквално сè што можеше да тргне на лошо за ракометарите на Вардар во Франција – тргна, па десеткуваниот двократен европски првак се враќа со огромна негатива по првиот натпревар од четвртфиналето во Европската лига на ЕХФ, откако во Монпелје загуби со 33:23.

Уште пред мечот „црвено-црните“ претрпеа тежок удар со отсуството на своите најдобри бекови и ракометари воопшто – Јака Малус поради повреда и Дмитро Горига поради болест, а по 8:10 во првото полувреме во второто останаа и без исклученото лево крило Жуниор Тузолана, а од 40. минута и без бекот Жоао Педро поради добиен удар со колено во градите!

Имајќи предвид дека Малус и Горига заедно постигнаа 115 гола во ова натпреварување сезонава, а на оваа средба Педро до повредата даде 6, од кои 5 во првиот дел, плус Тузолана 2, Иван Чупиќ не ни можеше да се надева на многу повеќе во првото соочување во рамките на последниот филтер пред фајналфорот.

Токму Педро и Урош Митровиќ беа најефикасни кај гостите, со тоа што Португалецот имаше реализација 6/8, а Србинот 6/14, плус две загубени топки.

Со двоцифрено заостанување од првиот меѓусебен дуел со противникот со кој досега имаа 7:3 во победи, на вардарци ќе им треба чудо во реваншот на 5 мај во Скопје.

 

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top