Спорт

Фудбалската репрезентација на Македонија се распадна во Кардиф

Велс славеше со 7:1 во директниот дуел за второто место во квалификациската група за Светското првенство 2026

Најлоши кога беше најпотребно, фудбалските репрезентативци на Македонија доживеаја тежок пораз од 7:1 против директниот ривал Велс во Кардиф и му го отстапија второто место во групата Ј од квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

Дебаклот во тоа што требаше да биде натпревар на годината за „полесен“ противник во веќе обезбедениот бараж преку Лигата на нациите го најави очајното отворање на мечот со три примени гола во првите 36 минути, колку што „црвено-жолтите“ примија во претходните седум квалификациски средби.

Зрак на надеж даде намалувањето на 2:1 со контранападот по асистенцијата на Дарко Велковски крунисан од Бојан Миовски и тоа беше сè што покажаа избраниците на селекторот Благоја Милевски во последниот и најважен дуел од тековната мундијалска кампања.

Катастрофалното издание на гостите го зачини хет-трикот на Хари Вилсон, а по еднаш за домаќинот погодија Дејвид Брукс, Бренан Џонсон, Даниел Џејмс и Нејтан Броудхед.

Со тоа што го покажа Македонија во четвртиот меѓусебен дуел со Велс ја прави најпосакуваниот противник во ждрепката за баражот в четврток.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top