Спорт

Фудбалската репрезентација на Македонија доби нови дресови

Со новата опрема од „Адидас“ најдобрите македонски фудбалери првпат ќе настапат против БиХ на 29 мај во Сараево

Фудбалската федерација на Македонија ги претстави новите дресови на македонската репрезентација од реномираниот производител на спортска опрема „Адидас“.

„Новиот дизајн е специјално персонализиран за нашиот национален тим, во тесна соработка помеѓу ФФМ и ‘Адидас’. Дресовите на македонската репрезентација комбинираат современ изглед и врвни материјали, обезбедувајќи максимална удобност и функционалност на теренот. Со новиот изглед, нашите национални тимови ќе настапуваат на следните натпревари, носејќи симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја“, соопшти ФФМ.

Најдобрите македонски фудбалери првпат со новата опрема ќе настапат во пријателскиот натпревар со учесникот на Светското првенство, Босна и Херцеговина, на 29 мај од 20:45 часот на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ во Сараево.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top