Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и официјално е меѓу пријавените за квалификациите за првиот гренслем турнир во сезоната Австралија опен.
На истекот од конечниот рок за пријавување 22 декември таа се наоѓаше на 204. место на ВТА-листата во поединечна конкуренција, а највисоко рангирана меѓу учесничките во квалификациите е Полина Кудерметова од Узбекистан на 104. позиција.
Токму во Мелбурн 31-годишната тетовка беше најблиску да стане првата Македонка што заиграла на еден од четирите најсилни тениски турнири во сезоната кога во 2017 година стигна до третото и последно квалификациско коло и загуби во три сета против Штефани Фегеле од Швајцарија.