Енис Барди се запиша во листата на стрелците во фудбалскиот Куп на Турција, кадешто Коњаспор го декласира второлигашот Алиага со 5:0 во третото коло од групата Б, во која е втор со максимални 9 бода.
Капитенот на македонската репрезентација заигра од почетокот на второто полувреме и во 81. минута зголеми на 4:0 со удар од дваесетина метри.
За 30-годишниот играч за врска ова е петти погодок за суперлигашот Коњаспор сезонава во сите конкуренции.
🚀 Konyaspor, Aliağa FK karşısında 81. dakikada Enis Bardhi'nin şık golüyle skoru 4-0 yaptı. #ZTK pic.twitter.com/9TQJQ3TR9I
— A Spor (@aspor) February 5, 2026