Спорт

Историска победа на Шкендија во Конференциската лига на УЕФА

Македонскиот фудбалски првак во второто коло го совлада Шелбурн од Ирска со 1:0 со автоголот на Барет во судиското продолжение

Фудбалерите на Шкендија испишаа историја за македонскиот фудбал со победата над ирски Шелбурн од 1:0 во Скопје во Конференциската лига на УЕФА, прва за тим од Македонија во групната фаза од европско клупско натрпреварување.

Автоголот на Педи Барет во првата минута од судиското надополнување на времето на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го реши победникот на мечот од второто коло, во кое македонскиот првак ја забележа првата чпобеда во ова натпреварување по стартниот пораз од 2:0 кај Рајо Валјекано во Шпанија.

Со три бода од можни шест, тетовските „црвено-црни“ се 19. на табелата од која најдобрите 24 екипи ќе го продолжат натпреварувањето.

Во следното коло на 6 ноември Шкендија ќе ја пречека полска Јагјелонија, донеодамнешниот клуб на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top