Спорт

Ивановски го збриша Словакот Гомбош и му закажа дуел на Бугаринот Кузманов на челинџерот во француски Ројан

Калин Ивановски се избори за македонско-бугарска пресметка во второто коло на тенискиот челинџер во Ројан, Франција, откако на стартот од турнирот што се игра на земјени терени и за награден фонд од 54.000 долари го декласира со 6-1, 6-3 Норберт Гомбош од Словачка, 328. на АТП-листата во сингл. На Ивановски (961.) му беа доволни 72 […]

Калин Ивановски се избори за македонско-бугарска пресметка во второто коло на тенискиот челинџер во Ројан, Франција, откако на стартот од турнирот што се игра на земјени терени и за награден фонд од 54.000 долари го декласира со 6-1, 6-3 Норберт Гомбош од Словачка, 328. на АТП-листата во сингл.

На Ивановски (961.) му беа доволни 72 минути за да го испрати дома многу три пати подобро рангираниот противник и да закаже дуел со петтиот носител Димитар Кузманов (253.) од Бугарија, кој славеше со 6-3, 7-6 (3) над домашниот квалификант Лукас Пулен (373.).

Мечот меѓу првиот македонски рекет и Кузманов ќе се одигра утре од 14 часот.

Најнови вести од: Спорт

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

To top