Спорт

„Комити“ го засенија дебито на Божовиќ со победа над Арсими

Новиот тренер на Вардар тргна со победа од 2:0, навивачите на шампионот предизвикаа прекин од 14 минути во вториот дел

Прекинот во средината на второто полувреме што го предизвика навивачката група „Комити“ фрли сенка врз успешното деби на новиот тренер на Вардар, Миодраг Божовиќ, чии фудбалери го совладаа Арсими со 2:0 во шестото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Како што најавуваа, вардаровите фанови „за последен пат“ дојдоа да ги бодрат своите миленици на стадионот „Петар Милошевски“ во рамките на тренинг-комплексот на ФФМ, кој организирано го напуштија со скандирања против извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.

На излегување од трибината атмосферата покрај оградата што ја дели од теренот се вжешти, па натпреварот беше во прекин 14 минути.

Головите за шампионот ги постигнаа Горан Закариќ во 25. минута и Едиз Спахиу три минути пред крајот.

„Црвено-црните“ се искачија од шестото на четвртото место на табелата со 10 бода, пет помалку од лидерот Шкендија од Тетово, а во следното коло ќе му гостуваат на „фенерџијата“ Башкими во Куманово.

Најнови вести од: Спорт

To top