Спорт

Конференциска лига: Шкендија со негатива на реваншот во Самсун

Македонскиот првак поразен со 1:0 во Скопје во првиот натпревар од 1/16-финалето

Фудбалерите на Шкендија ќе патуваат во Турција со негатива на возвратниот натпревар со Самсунспор од 1/16-финалето во Конференциската лига по поразот од 1:0 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Единствениот гол го постигна напаѓачот од Чад, Мариус, во 77. минута, а неговиот тим можеше да има и поголема предност пред реваншот на 26 февруари во Самсун ако Сенегалецот Шериф Ндиаје го реализираше пеналот во 7. минута.

За првакот на Македонија ова е прв пораз на домашен терен во ова натпреварување сезонава.

 

Најнови вести од: Спорт

To top