Спорт

Македонија ќе ги избегне Шведска, Северна Ирска и Косово во Лигата на нациите

„Црвено-жолтите“ ќе бидат во четвртиот шешир на ждрепката за групите за петтото издание, закажана за 12 февруари

Фудбалските репрезентации на Шведска, Северна Ирска и Косово нема да ѝ бидат противници на Македонија во групата од Лигата на нациите, бидејќи заедно со „црвено-жолтите“ ќе бидат извлечени од четвртиот шешир во ждрепката на 12 февруари за петтото издание на ова натпреварување.

Македонија ќе дебитира во дивизијата Б, во која ќе добие по еден ривал од првиот шешир, кадешто УЕФА ги стави Шкотска, Унгарија, Полска и Израел, потоа од вториот (Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина) и од третиот (Словенија, Грузија, Ирска и Романија).

Групната фаза од Лигата на нациите ќе се одигра од септември до декември 2026 година.

 

Најнови вести од: Спорт

To top