Спорт

Македонија со Италија, Турција, Данска или Украина во баражот за СП

Ждрепката е в четврток од 13 часот, а „црвено-жолтите“ ќе бидат гости во полуфиналето од разигрувањето за мундијалот

По завршувањето на групната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна можните противници во полуфиналето од баражот – Италија, Турција, Данска и Украина.

Наведениот квартет ќе го сочинува првиот сад во ждрепката во четврток од 13 часот, во вториот ќе бидат Полска, Велс, Чешка и Словачка, во третиот Република Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, а покрај Македонија од четвртиот ќе бидат извлечени Шведска, Романија и Северна Ирска.

Како и во баражот за претходното СП 2022 во Катар, кога прво ја елиминираа Италија со 1:0 во Палермо, па загубија од Португалија со 2:0 во Порто, „црвено-жолтите“ ќе играат на гостински терен.

Термините за баражот се 26 и 31 март 2026 година, а мундијалот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top