Спорт

Македонка на денот: Ѓорческа во Романија херојски до 15. трофеј во сингл

„Финале од бајките“ – така организаторот на „Напарис трофеј“ во Слобозија ја опиша драмата со среќен крај за македонската тенисерка

Со победата над домашната тенисерка Елена Бертеа од 2:1 во сетови на турнирот „Напарис трофеј“ во романскиот град Слобозија, кој се играше на земјени терени и за награден фонд од 40.000 долари, Лина Ѓорческа го освои својот 15. турнир во 39. финале во поединечна конкуренција во кариерата.

„Трофејот има нова кралица! 👑
Финале од бајките, битка до крај, тениско шоу кое Слобозија ќе го памети долго време. 🎾✨
Какви топки, сервиси и емоции, денес доживеавме чиста магија. 🎇
👉 Лина Ѓорческа е шампион на ‘Напарис трофеј 2025’!“, објави организаторот на својата официјална страница на Фејсбук за драматичните 2:16 часа игра на главниот терен.

Романката го доби првиот сет со 6-3, Ѓорческа возврати идентично, а во решавачкиот сет прво 31-годишната тетовка направи брејк за водство од 4-2, па противничката врати за 4-4, за најдобрата македонска тенисерка со нов брејк да стигне до победата со искористување на првата меч-топка!

Ѓорческа беше трета носителка на турнирот како 282. на ВТА-листата во сингл и со „трета – среќа“ стигна до својот прв трофеј годинава по двете загубени финалиња едноподруго во Куршумлиска Бања. Тоа ќе ѝ донесе нов скок на ВТА-ранкингот, на кој највисоко котираше на 12 јуни 2017 година, кога беше 170. тенисерка во светот.

Најнови вести од: Спорт

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

To top