Спорт

„Македонскиот“ Престон лајонс тргна со реми во Австралискиот шампионат (ВИДЕО)

Најпопуларниот клуб на Македонците во Австралија одигра 1:1 на стартот од новоформираната единствена втора лига

Фудбалерите на Престон лајонс, најпопуларниот спортски колектив на македонската заедница во Австралија, стартуваше со реми 1:1 против НВС Спирит во новоформираната единствена втора лига на континентот наречена Австралиски шампионат.

Некогашниот вицешампион на Австралија, тогаш познат како Престон Македонија, поведе пред 4.241 гледач на својот стадион „Џинис стил“ преку Џејсон Ромеро во 39. минута, а триумфот на „лавовите“ им го „украде“ Кејлеб Џексон-Браун во третата минута од судиското надополнување на времето.

Престон лајонс е дел од групата Ј, во која се уште Канбера Кроејша и Авондејл, од која двете најуспешни екипи ќе продолжат во четвртфиналето.

Снимка од најважните моменти во мечот на линкот.

Како навивачите на Престон лајонс го прославија водечкиот гол на линкот.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Колку „вредат“ олимписките медали? Цената на бронзениот ќе ве насмее

Олимписките златни медали веќе повеќе од еден век не се изработени од чисто злато. Последниот целосно златен медал (24-каратен) е доделен на Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година, според податоците на Меѓународниот олимписки комитет.

Најнови вести

To top