Спорт

Милевски: Никој не може да ни го одземе правото да сонуваме за мундијал

Македонскиот селектор со надеж пред клучните дуели од квалификациите за Светското првенство 2026 во фудбал

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, не го крие задоволството од наполнетата мрежа на аутсајдерот Лихтенштајн, кој неговите избраници го торпедираа со 5:0 и се вратија на врот во квалификациската група Ј за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

„Задоволен сум од резултатите и од моменталниот пласман на табелата, но не застануваме тука, уживавме во секој натпревар и ќе уживаме и понатаму. Резултатите ме прават горд, но на крајот на денот никој не може да ни го одземе правото да сонуваме пласман на Светското првенство“, изјави Милевски на прес-конференцијата по мечот по кој Македонија е прва со 11 бода, еден повеќе од Велс.

Во продолжението од квалификациите „црвено-жолтите“ прво на 10 октомври ќе му гостуваат на најголемиот фаворит Белгија, а три дена подоцна ќе го пречекаат Казахстан.

Македонија најблиску до планетарниот шампионат беше во квалификациите за СП 2022 во Катар, кога во баражот го нокаутира четирикратниот светски првак Италија со1:0 во Пелермо, а потоа во решавачкиот дуел загуби од Португалија со 2:0 во Порто.

Најнови вести од: Спорт

To top