Спорт

Миовски го проби мразот во Глазгов, прв гол за Ренџерс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец ја потврди победата на „ренџерите“ од 2:0 над Хибернијан во шкотскиот Лига куп

Трета среќа за Бојан Миовски – прв гол на македонскиот напаѓач во третиот настап за Глазгов Ренџерс, и тоа во триумфот над Хибернијан од 2:0 во четвртфиналето на Лига купот на Шкотска пред навивачите на „ренџерите“ на „Иброкс“.

Репрезентативецот на Македонија во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме ја потврди победата на шкотскиот гигант, во кој дојде од Жирона токму за голови по катастрофалниот почеток од сезоната без победа во првите пет кола од шкотскиот Премиершип.

Миовски постигна уште еден погодок за домашниот тим во 66. минута, но ВАР му го поништи поради офсајд, а во 77. минута излезе од игра.

Првенецот на 26-годишниот штипјанец за Ренџерс на линкот.

Најнови вести од: Спорт

To top