Спорт

Миовски стрелец за Ренџерс во ремито кај Фалкирк (ВИДЕО)

Втор погодок на македонскиот напаѓач за „полицајците“, прв во шкотскиот Премиершип по тој во Лига купот

Бојан Миовски погоди за Глазгов Ренџерс во ремито 1:1 на гостувањето кај Фалкирк во седмото коло од шкотскиот фудбалски Премиершип.

Напаѓачот на македонската репрезентација ги доведе во водство „полицајците“ во 41. минута, но неговиот тим повторно не победи, забележувајќи го петтиот нерешен резултат.

За 26-годишниот штипјанец ова е втор погодок за Ренџерс, прв првенствен, откако се запиша во листата на стрелците и во победата од 2:0 во Лига купот против Хибернијан.

Репрезентативецот на Македонија играше до 61. минута, кога беше заменет од Португалецот Шермити, најскапата аквизиција на Ренџерси, вредна 7,4 милиони евра, за разлика од 2,3 милиони на Македонецот.

Голот на Миовски против Фалкирк на линкот.

 

 

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

To top