Спорт

Муцунски од Астана: Правец Светско 2026!

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја искористи својата официјална посета на Казахстан за да ја бодри фудбалската репрезентација на Македонија во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026. „Со срце, со глас и со гордост – поддршка за фудбалската репрезентација на Македонија од трибините на ‘Астана арена’! ‘Црвено-жолтите’ се нашиот тим. Денеска сите знаеме за кого […]

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја искористи својата официјална посета на Казахстан за да ја бодри фудбалската репрезентација на Македонија во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026.

„Со срце, со глас и со гордост – поддршка за фудбалската репрезентација на Македонија од трибините на ‘Астана арена’! ‘Црвено-жолтите’ се нашиот тим. Денеска сите знаеме за кого се пее, за кого се радуваме! Го бодриме секој пас, секој шут, секоја победа – правец Светско 2026!“, напиша на Фејсбук шефот на македонската дипломатија откако сведочеше на победата од 1:0, со која најдобрите македонски фудбалери ќе го дочекаат септемвриското продолжение од мундијалските квалификации како лидери во групата Ј.

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top