Спорт

Навивачи на Албанија искинаа знаме на Србија пред мечот во Тирана (ВИДЕО)

Увертира на натпреварот од висок ризик во Тирана меѓу фудбалските репрезентации на Албанија и на Србија во квалификациите за Светското првенство 2026 беше кинењето на српското знаме од домашните навивачи, за што реагираше српската амбасада со остра осуда. Тензичниот дуел заврши без голови, Албанија на истекот од првото полувреме не искористи пенал, а српските фудбалери […]

Увертира на натпреварот од висок ризик во Тирана меѓу фудбалските репрезентации на Албанија и на Србија во квалификациите за Светското првенство 2026 беше кинењето на српското знаме од домашните навивачи, за што реагираше српската амбасада со остра осуда.

Тензичниот дуел заврши без голови, Албанија на истекот од првото полувреме не искористи пенал, а српските фудбалери во три наврата се жалеа кај италијанскиот судија дека се погодени в глава од албанските фанови на трибините.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top