Спорт

Ноле станува косопственик на фудбалски клуб!

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ ќе се приклучи како еден од инвеститорите во францускиот фудбалски клуб

Фото: Ролан Гарос/Твитер

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ ќе се приклучи како еден од инвеститорите во францускиот фудбалски клуб Ле Ман. Во петокот, раководството на клубот одржа прес-конференција на која ги објавија новите финансиски поддржувачи.

Меѓу инвеститорите е и бразилскиот фонд „Аутфилд“, кој ќе поседува малцински удел во клубот. Освен Ѓоковиќ, во проектот се вклучени и Формула 1 возачите Кевин Магнусен и Фелипе Маса, како и Џорџ Франгулис, кој е познат како партнер на тенисерката Арина Сабаленка.

Ле Ман оваа сезона настапува во втората француска лига (Лига 2), но токму вклучувањето на Новак Ѓоковиќ го привлече најголемото медиумско внимание, иако присуството на бразилскиот капитал е исто така значајно за иднината на клубот.

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top