Спорт

Пелистерци со бод од Гдањск во Европската лига на ЕХФ

Македонскиот ракометен вицешампион ремизира 31:31 со полскиот претставник Вибжеже во второто коло

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа 31:31 со Вибжеже во Гдањск во второто коло од Европската лига на ЕХФ.

Македонскиот вицешампион во најголемиот дел од средбата во Полска имаше предност, на полувреме од 17:16, во 41. минута од максимални 24:20, а пет минути пред крајот водеше со 31:28 и тука застана.

Во последната минута битолчани имаа два напада за освојување на целиот плен, за во последните седум секунди да мора да го бранат и да го одбранат првиот бод во групата Г по шокантниот пораз од 31:24 против шпанската Ла Риоха во Битола на стартот.

Капитенот Горан Кузмановски беше убедливо најефикасен играч на мечот со 15 гола од 19 обиди, пред Саду Нтанзи со 7/10, а голманот Саид Хеидаридад запиша 11 успешни интервенции против третопласираниот тим во полското првенство минатата сезона и финалист во Купот на Полска.

Во следното коло на 13 октомври од 18:45 часот составот на Лино Червар ќе му гостува на германскиот бундеслигаш Гумерзбах.

Најнови вести од: Спорт

To top