Спорт

Португалија вторпат ја освои Лигата на нациите по пеналите со Шпанија

Со подобро изведување пенали, откако финалето со Шпанија во Минхен по 120 минути заврши нерешено 2:2, фудбалската репрезентација на Португалија вторпат ја освои Лигата на нациите во четвртото издание на ова натпреварување. Рубен Невеш ја запечати безгрешната серија од пет удари од белата точка, откако голманот Диого Кошта претходно го одбрани пеналот изведен од шпанскиот […]

Со подобро изведување пенали, откако финалето со Шпанија во Минхен по 120 минути заврши нерешено 2:2, фудбалската репрезентација на Португалија вторпат ја освои Лигата на нациите во четвртото издание на ова натпреварување.

Рубен Невеш ја запечати безгрешната серија од пет удари од белата точка, откако голманот Диого Кошта претходно го одбрани пеналот изведен од шпанскиот капитен Алваро Мората, за 5:3 во пенал-рулетот за Португалците.

Во основниот дел Шпанците два пати водеа, прво преку Мартин Зубименди во 21. минута, а потоа и преку Микел Ојарзабал на истекот од првото полувреме, а израмнуваа Нуњо Мендеш во 26. минута и Кристијано Роналдо во 61. минута.

За 40-годишната играчка легенда на португалскиот и на светскиот фудбал ова беше 138. гол во 221. настап за „европските Бразилци“, со кои стигна до својот трет трофеј во 22-годишната репрезентативна кариера по пехарот од Европското првенство 2016 и тој од Лигата на нациите во 2019 година.

To top