Спорт

Шкендија против Самсунспор во 1/16-финалето од Конференциската лига

Ако го помине турскиот суперлигаш, првакот на Македонија во осминафиналето оди на подобриот меѓу Рајо Валјекано и Шахтјор

Турскиот суперлигаш Самсунспор е противникот на Шкендија во 1/16-финалето од Конференциската лига, одреди денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Првакот на Македонија ќе биде домаќин на првиот натпревар на 19 февруари од 21 часот, а возвратниот е седум дена подоцна во Самсун.

Ако го елиминираат Самсунспор, тетовските „црвено-црни“ во осминафиналето на 12 и 19 март ќе играат со подобриот меѓу Рајо Валјекано од Шпанија и Шахтјор Донецк од Украина.

Самсунспор го заврши лигашкиот дел од ова натпреварување на 12. место со три победи (1:0 кај Легија Варшава, 3:0 со Динамо Киев и 3:0 со Хамрун), едно реми (2:2 кај Бреидаблик) и два пораза (1:2 со АЕК Атина и 2:0 кај Мајнц).

 

Најнови вести од: Спорт

To top