Фудбалерите на Шкендија загубија со 1:0 на гостувањето кај АЕК Ларнака во шестото и последно коло од Конференциската лига на УЕФА, но изборија учество во плејофот како прва екипа од Македонија на која ѝ успеало тоа во европско клупско натпреварување!
Македонскиот првак прими гол во 83. минута од Полјакот Карол Ангиелски, но поразот во Кипар на крајот се покажа безболен бидејќи тетовските „црвено-црни“ завршија меѓу 24. екипи што продолжуваат понатаму како освојувач на 22. место на табелата.
Составот на Јетон Беќири од 53. минута играше со играч помалку по исклучувањето на Лиридон Љатифи поради остар старт.