Спорт

Шкендија запрена по продолженијата во Разград, продолжува во Конференциската лига

Македонскиот првак го заврши излетот во Европската лига со поразот од 4:1 во реваншот со Лудогорец

Фудбалерите на Шкендија загубија со 4:1 од Лудогорец по продолженијата од баражот за Европската лига, па ќе продолжат во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Фабрис Тамба со голот во 64. минута избори вкупни 3:3 против бугарскиот првак и дополнителни 2х15 минути, во кои македонскиот шампион не успеа да го повтори успехот на Вардар од сезоната 2017/2018, кога стана првата и засега единствена екипа од Македонија што играла во групите од второто клупско натпреварување по ранг во Европа.

Погодоците на Бернхард Текпетеј во 98. минута и на Ерик Биле во втората минута од судиското продолжение директно му кумуваа на третиот неуспех на тетовските „црвено-црни“ во плејофот од Европската лига по тие против Милан во сезоната 2017/2018 и Розенборг во 2018/2019.

Првите два гола за домаќинот во Разград ги постигнаа Едвин Куртулус во 9. минута и Ивајло Чочев во 24. минута.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top