Поранешниот селектор на Хрватската Репрезентација, легендарниот Славен Билиќ би можел да биде новиот селектор на Македонија. Во тек се преговори помеѓу ФФМ и Славен Билиќ и има големи шанси, Хрватската легенда да ја води Македонија.
Билиќ е исто така поранешен тренер на големи клубови како Бешикташ, Вест Хем, Вест Бромвич, Вотфорд… Се работи за навистина квалитетен тренер, неговите успеси и резултати, никој не може да ги оспори.
Други имиња кои се поврзуваат со селекторското столче во ФФМ се: Гоце Седлоски (моменталниот тренер на Вардар) и србинот Марко Николиќ (тренер на АЕК Атина).