Спорт

Тренерот на Лудогорец сака победа над Шкендија утре во Скопје

Руи Мота не се задоволува со реми во првиот меч од баражот за групната фаза во Европската лига на УЕФА

Тренерот на Лудогорец, Руи Мота, најави игра за победа на неговиот тим против Шкендија утревечер од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во првиот натпревар од баражот за групната фаза во Европската лига на УЕФА.

„Мечевите во Европа секогаш се тешки, но Лудогорец има високи цели и сакаме да победиме утре. Нема да играме за нерешено, туку ќе бараме победа и добар резултат пред реваншот“, изјави Португалецот на клупата на бугарскиот шампион.

Лудогорец, кој пред три дена ремизираше без голови како домаќин против Локомотив Софија во Првата лига на Бугарија, во претходното квалификациско коло за Лигата на Европа беше елиминиран од унгарски Ференцварош по 0:0 во Разград и 0:3 во Будимпешта.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top